Пет смртни казни за убиството на Кашоги

Пет лица се убиени на мсрт, а три затворски казни во вкупно траење од 24 години за убиството на новинарот Џамал Кашоги во октомври минатата година во Истанбул, објави во понеделникот обвинителството на Саудиска Арабија.

Кашоги, член на влијателно саудиско семејство и жесток критичар на политиките на саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман, од 2016 година живееше во егзил во САД. Последниот пат беше виден во саудискиот конзулат во Истанбул на 2-ри октомври 2018 година каде што требало да извади документи за венчавка.

Според турските и американските служби, неговото тело по егзекуцијата во конзулатот е распарчено и отстранеот од зградата, но посрмтните останки никогаш не се пронајдени.

Убиството предизвика жестоки реакции во светот и нанесе штрата на имиџот на принцот Салман. Дури и Вашингтон како најголем сојузник на Ријад, односно американската Централна разузнавачка агенција (CIA), како и други западни влади тогаш објавија дека имаат индиции дека убиството го наредил токму престолоналседникот. Меѓутоа, саудиските власти тоа го негираа и вината ја префрлија врз десетици припадници на тајната служба.

Во тајната постпака за убиството на Кашоги им се судеше на 11 осомничени. Поранешниот кралски советник Сауди ал-Катани, исто така, беше под истрага, но против нега на крајот не беше подигнато обвинени, и е ослободен.