Пет совети од научници за подобар секс

Пет познати научници, истражувачи и иноватори за „Космопилитен“ ја откриваат својата револуционерна работа за да им помогнат на жените да го подобрат сексуалниот живот.

 

Доктор за оргазам
Бери Комисарук, невролог и професор за психологија на американскиот универзитет  „Руџерс“, советува  за подобар оргазам ги советуваат  мажите,  да се фокусираат  на сите ерогени точки на женското тело одеднаш. Според него стимулацијата на клиторисот, вагината и брадавиците  предизвикуваат  реакција кај различни делови на мозокот, затоа со стимулација одеданаш сексуалното доживување е посилно.

Експерт за безбедно уживање
Бетани Лонг Холт, главен истражувач на Институтот за јавно здравје во Фолсом, Калифорнија, советува да превземете  целосна контрола врз вашиот сексуален живот. Според неа користењето заштита ги ослободува жените при сексуалниот однос и на тој начин се поопуштени без преголема загриженост за несакана бременост или сексуално прен осливи инфекции.

Експерт за либидо
Адриан  Тутин, директор на Клиничкиот истражувачки центар за женска сексуалност и пронаоѓач на женската Вијагра, тврди дека ако вашата сексуална желба е на многу ниско ниво, за тоа е виновен вашиот мозок. Затоа според него потребно е да се разговара со партнерот, својот гинеколог и доколку тоа нема ефект да се посети и психијатар.

Истражувач на возбуда
Мередит Чиверс, лекар и директор на Лабораторијата за сексуалност  на универзитетот Квинс во Канада, смета дека треба да се истражувате себе си, да откриете што ве возбудува. Не е срамно да гледате и порнографија, еротски филмови или книги, а потоа да експериментирате со парнерот во слични пози.

Експерт за зависност од секс
Роберт Вајс, терапевт и основач на американскиот  Институт за сексуално опоравување, советува да експериментирате во сексот,  тајни средби, необични места , онлајн секс, сексуални телефонски разговори, возбудливи пораки со партнерот. Сепак тој советува  тоа да биде во ограничени количини и да не премине во зависност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.