Пет жртви во пад на американски воен авион во Медитеранот

Петмина припадници на американската војска ги загубија животите во пад на американски воен авион кој во текот на вежби се урнал во Средоземното Море, соопшти во неделата Европската компанда на американската армија (USEUCOM).

Во соопштението не се навдува за каков тип авион станува збор, ниту од каде полетал, но Reuters забележува дека САД неодамна стационираа носачи на авиони во таа област за да одврат секаков обид за ескалација на војната во Појасот Газа на Израел против палестинското исламситичко движење Хамас.

„Во текот на рутинска задача за снабдување со гориво во лет во текот на воени вежби, американски воен авион со петмина војници доживеа несреќа и се урна во Средоземното Море. Петте војници во авионот загинаа“, се наведува во соопштението на USEUCOM и се истакнува дека несреќата не е последица на никакви „непријателски дејствија“.

Американската армија известува во неделата за оваа несреќа којашто се случила „ноќта на 10-ти ноември“ во источен Медитеран, без веднаш да ја проследи информацијата за судбината на војниците“

„Џил и јас се молиме за семејствата и пријателите кои ги загубија своите сакани, дел од својата душа. Целата нација сочувствува со нив“, реагираше со соопштение американскот претседател Џо Бајден.

По нападот без преседан на Хамас во јужен Израел на 7-ми октомври, Вашингтон веднаш испрати воена помош за израелската војска и ги зголеми своите трупи во регионот, веднаш испраќајќи го носачот на авиони „USS Gerald R. Ford“, а потоа уште една групација носач на авиони, други воени бродови и нуклеарна подморница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.