Петар Атанасов: Ако нема македонска историја нема македонско општество, нема Македонци

Реакција на авторот на платформата на СДСМ “Едно општество за сите” која премиерот Заев ја прифати и ја промовираше како своја главна политичка идеологија.

Петар Атанасов по изјавата на премиерот дека преговара за употребата на придавката „македонски” и на фразата „македонска историја” најавува дека краток е патот на Заев до укинување на Македонците.

За екс заменикот за образование и екс пратеник на СДСМ Петар Атанасов овие преговори на Заев се неприфатливи затоа што ако се согласи да нема македонска историја ќе нема ни македонско општество ни Македонци.

„Ако нема „македонска историја“… тогаш нема ниту „македонско општество“… значи нема ниту Македонци!

Во тој случај се доведува во прашање егзистенцијата на оваа држава!

Држава која го носи името Македонија, мора да може да ги употребува овие термини!”, вели Атанасов кој си даде оставка од заменичкото министерско место поради несогласување со политиките на СДСМ и откажување на концептот за едно општество за сите.