Петер Бејер незадоволен од реформите во Македонија, ѝ порача на Владата дека треба да работи

Германскиот Парламент го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, но во текот на дебатата германските пратеници влезот на земјата во Алијансата го поврзаа со датумот за почеток на преговори со Европската Унија.

Петер Бејер од ЦДУ во својот вчерашен говор пред Бундестагот ги поздрави договорите со Грција и Бугарија, но критикуваше дека во земјата се потребни дополнителни напори во делот на борбата против организираниот криминал, корупцијата, правосудството и јавната администрација.

Во реформата на безбедносниот апарат- во тој дел долго немаше никакво придвижување, а дури неодамна беше постигнат напредок, рече Бејер, кој ја поздрави и конструктивната улога на сестринската партија- опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Значајно да се потенцира е дека во поново време за голема среќа и отворената конструктивност на опозиционите партии и една чиста ориентација кон евроатлантската интеграција на земјата, рече тој.