Петер Хандке, овогодишен лауреат на Нобеловата награда за литература

Добитник на овогодинешната Нобелова награда за литература е австрискиот книжевник Петар Хандке, додека за минатата година е лауреат е полската писателка Олга Такарчук.

Како што е наведено во образложението, Олга Такарчук е наградена за „наративна имагинација која со енциклопедиска страст го претставува преминување на границите како облик на живот“. Питер Хандке е награден за „влијателна работа, преку која со лингвистичка инвентивност ја истражува периферијата и специфичноста на човечкото искуство.“

Одлуката за наградата ја донесе проширениот комитет, составен од четворица членови на Академијата и петмина надворешни експерти, пренесува Хина.

Оваа година се доделени две награди затоа што Шведската академија минатата година, првпат во седумдесет години одлучи да го одложи објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за литература поради скандал поврзан со сексуално злоставување..

Наградата се доделува од 1901 година.