Петер Сијарто, шефот на унгарската дипломатија, во посета на Македонија

Шефот на унарската дипломатија Петер Сијарто, денеска, е во посета на Македонија. Унгарскиот министер, кој важи за голем поддржувач на Македонија, ќе има средба со вицепремиерот за Европски прашања, Бујар Османи, по што ќе следува заедничка прес конференција.

Сијарто на последниот состанок на европскиот совет нагласи дека е разочарувачки што не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија.