Петгодишен Австралиец преживеал напад од триметарски питон

Петгодишен Австралиец го преживеал нападот од питон долг три метри кој го каснал, силно се свил околу него и го одвлекол во базен, рекол неговиот татко за медиумите.

Петгодишното момченце Бо играло крај базен во местото Бајрон Беј, кога три метри долгиот питон излегол од жбуновите покрај куќата, раскажал таткото Бен Блејк за локалното радио.

„Верувам дека питонот чекал жртва, птица или некое друго животно, но за несреќа наиде Бо“, вели таткото.

Питонот прво го каснал детето, поради што тоа паднало во водата а потоа се обвиткал околу ногата на момченцето.

Таткото успеал да го оттргне питонот од детето, како што рекол ,за 15 до 20 секунди. Момченцето добро закрепнува од нападот.

„Се смири откако му ја избришавме крвта и го уверивме дека нема да умре бидејќи не се работи за змија отровница“, додал таткото на Бо.

Иако питоните не се отровници, момченцето е ставено под лекарски надзор за да не се инфицира местото на каснувањето.

Бен Блјек рекок дела соживотот со змиите е неизбежен во Бјрон Беј, популарна туристичка и дестинација меѓу суреферите.

„Ова е Австралија. Насекаде ги има“, рекол додавајќи дека питонот е пуштен во дивината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.