Петгодишник и возрасна жена нападнати од кучиња во Скопје

Скопската полиција во четвртокот добила пријави за два случаи на каснување од кучиња скитници на територијата на градот, едниот во кој настрадало петгодишно дете во населбата Бутел и вториот во централното подрачје во кој нападната била 61-жена

На 21.05.2020 во 11:00 часот во Полициска станица Чаир, З.А.(35) од Скопје пријавил дека на улицата „Боца Иванова“ неговиот 5-годишен син бил каснат од куче скитник.

На 21.05.2020 во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(61) од Скопје пријавила дека  на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.