Петгодишно дете најмладата жртва од коронавирус во Албанија

Петгодишно дете почина како последица од комлликации предизвикани од коронаврисуната болест Covid-19, што е најмладата жртва од опасниот вирус во Албанија.

Според албанските медиуми, детенцето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.

„Поради влошената состојба потоа беше  транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но  момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција“, наведува Ora News.

Детето имало голема тежина, околу 54 килограми.

Според официјалната статистика на Министерството за здравство детето од Саранда е 2.881 жртва од Covid-19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март минатата година опасниот вирус е дијагностициран кај над 800 деца