Новозеландска политичка партија покрана во вторникот петиција за официнална промена на името на земјата во Аотеароа.
Поимот Аотеароа, честопати преведуван како „земја на долгиот бел облак“, е широко употребувано име за Нов Зеланд, особено кај домародното население. Меѓитоа, има оспоруван историјат и се верува дека називот изворно се употребувал само за Северниот остров, а не за државата во целина.
Маорската партија Те Пати Маори, исто така, сака да ги врати маорисктие топоними за сите места, градови и места до 2026 гоидна, изјавија копреседателите на партијата Равири Ваитити и Дени Нгарева-Пакер во соопштението од вторникот.
„Крајно веме е Те рео Маори да се врати на местото коешто му припаѓа, како прв и службен јазик на оваа земја. Ние сме полинезиска земја, ние сме Аореароа“, рече Ваитити.
„На тангата венуау (автохтноиот народ) веќе им е доста да се сакатат , тривијализираат и запоставуваат имињата на нашите предци. Ова е 21-ви век, тоа мора да се промени“, додаде Ваитити.
Нгарева-Пакер рече дека промената на имињатра и „наметнувањето на колонијалната агенда во образовниот систем“ значеле дека стапката на течност на говорот меѓу Маоирите од 90 отсто во 1910 година паднала на 26 отсто до 1950 година. Денеска таа стапка изнесува околу 20 отсто.
„Промената на името на земјата би помогнала во враќањето на статусот на нашиот јазик“, рече Нгарева-Пакер.
Многу претпријатија и владини сектори на Нов Зеланд веќе го користат називот Аотеароа, вкчлучително и во пасошите на граѓаните. Те рео Маори стана службен јазик на Нов Зеланд во јули 1987 година.