„Петка“ на Лион во дербито со Сен-Етјен

Во едно од најголемтие француски фудбалски ривалства  Олимпик Лион на гостувањето го декласираше Сен-Етјен со 5:0, оставарувајќи ја третата последователна победа во меѓусебните средби и шестата во последните осум соочувања.

За „лавовите“ двојни стрелци беа Тини Кадевере, во 16 и 68 и Марсело во 36 и 59 минута а во 82 минута стелец беше и Мемфис Депаи.

Лион со оваа победа им се приблжи на водечките ПСЖ и Лил на два бода заостанување, додека Сен-Етејн е 16-ти со 19 бодови, четири повеќе од опасната зона.

Лил претходно на гостување кај Рен славеше со 1:0, достигнувајќи го ПСЖ и сега двете екипи имаат по 45 бодови. Решавачкиот погодок го постигна Жонатан Давид во 16 минута.

Во претходно одиграните мечеви во неделата победи остварија и Бордо, Мец и Ремс. Бордо го порази Анже со 2:1, Мец го совлада Нант со 2:0, додека Рем славеше со 1:0 над Брест. Дижон и Страбзур, пак, одиграа без победник 1:1.

ТАБЕЛА

1. ПСЖ 21 14 3 4 48 11 45
2. Лил 21 13 6 2 36 15 45
3. Лион 21 12 7 2 44 19 43
4. Монако 21 12 3 6 42 30 39
5. Рен 21 10 6 5 30 23 36
6. Марсеј 20 9 5 6 27 22 32
7. Бордо 21 9 5 7 25 22 32
8. Мец 21 8 7 6 23 18 31
9. Ленс 21 9 4 8 30 30 31
10. Анже 21 9 3 9 26 33 30
11. Монпелје 21 8 4 9 33 39 28
12. Ница 20 7 5 8 23 28 26
13. Брест 21 8 2 11 31 37 26
14. Ремс 21 6 6 9 29 31 24
15. Стразбур 21 7 3 11 30 33 24
16. Сен-Етјен 21 4 7 10 20 35 19
17. Нант 21 3 9 9 20 34 18
18. Дижон 20 2 9 9 13 27 15
19. Нимс 20 4 3 13 16 41 15
20. Лориен 19 3 3 13 20 38 12