„Петка“ на Сити, Ливерпул кај Брајтон до 30-та победа

Фудбалерите на Ливерпул славеа во 34-то коло на англиската Премиер лига со 3:1 кај Брајтон, забележувајќи ја 30-та првенствена победа оваа сезона.

Новите англиски прваци веќе во 8 минута имаа водство од 2:0 со головите на Мохамед Салах во 6 и Џордан Хендерсон, а на домашните надежите им ги врати Леонардо Тросард во 45 минута. Сепак, Салах со својот втор вечерашен погодок во 76 минута ги донесе новите три бода во Ливерпул.

Со победата во Брајтон, Ливерпул и натаму конкурира да го собори рекордот на Манечестер Сити според освоените бодови во една сезона. На четири кола пред крајот, Ливерпул има 92 бода, а Сити во рекордната сезона 2017/2018 освои рамно 100 бодови. Брајтон е 15-ти со 36 бодови.

На овој меч одбранбениот играч на Ливепрул, Џејмс Миленр го одигра својот 536-ти натпревар во Премиер лигата, со што е на петтото место во историјата на лигата, зад Гарет Бари со 653 меча, Рајан Гигс со 632, Франк Лампард со 609 и Дејвид Џемјс со 572 натпревари.

Претходно фудбалерите на Манчестер Сити го торпедираа во 34-то коло на англиското првенство со 5:0 Њукасл Јунајтеде, додека Вест Хем дома загуби од Барнли и се најде во опасната зона.

Творец на победата на Сити беше Давид Силва кој постигна еден и асистираше за уште два погодока. Стрелци за „Граѓаните“ беа Габриел Жезус во 10, Ријад Марес во 21, Давид Силва во 65 и Рахим Стерлинг во првата минута од судиското продолжение, а играчот на Њукасл, Федерико Фернандез во 58 минута постигна автогол.

Манчестер Сити сега има 69 бодови, девет повеќе од третопласираниот Челзи, а до крајот на првенството има уште четири кола. Њукасл е 13-ти со 43 бодови, бодовно безбеден.ж

Вест Хем минимално на домашен терен беше совладан од Барнли, а стрелец на победничкиот погодок беше Џеј Родригез со удар со глава во 38 минута. „Чеканите“ сега се 16-ти со 31 бод, само четири повеќе од зоната на испаѓање, а Барнли е 9-ти со 49 бодови.

Со голот на Џон Иген во судиското продолжение Шефилд Јунајтед го совлада Вулверхемптон со 1:0. Шефилд сега е седми со 51 бнод, само бод помалки од шестопласираниот денешен противник кој се бори за пласман во квалификациите во Европската лига.