Петков преговара за Влада, Македонија од уста не им излегува

Консултациите кај претседателот Радев завршија, партијата на досегашниот премиер Петков го добива мандатот за состав на нова влада. Ова е епилогот по дводневните средби на Радев со парламентарните партии, по што во Бугарија почнува процесот за формирање на нова владина коалиција.

Денеска во претседателскиот кабинет се појавија три партии – Има таков народ, Демократска Бугарија и Преродба, а темата Македонија беше неизбежна на консултациите.

“Повикувам – влез на Бугарите во Уставот пред почетокот на преговорите, без тоа нема преговори”

Кога ќе стартува новиот обид на Петков за формирање на нова владина коалиција се уште не се знае, со оглед на тоа што Радев, кој денеска заминува на Самитот на НАТО во Мадрид, не посочи кога ќе му го врачи мандатот.

Нова влада и стабилен преговарачки партнер во Софија очекуваат македонските власти, но доколку Петков не успее, Бугарија со голема веројатност оди на нови избори бидејќи втората политичка сила ГЕРБ претходно најави дека веднаш ќе го врати мандатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.