Петковски: Ахмети го викнаа во Хаг како сведок, но и Шешељ така отиде па го осудија!

Повеќе од сигурно е дека преговорите за ново парламентарно мнозинство ќе одат тешко, но убеден сум дека влада ќе има, рече лидерот на НСДП и поранешен претседател на парламентот Тито Петковски.

-Влада ќе има, каква ќе биде не знам. Отворањето на проблемот – нови избори или чекањето до година… дефинитивно се укочуваат сите реформи, се губи чекорот со ЕУ – порача Петковски на Канал 5.

Според него, предлогот на ДУИ за Албанец-премиер е невешт предизборен обид да се добијат повеќе пратеници.

-Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото – посочи Петковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.