Петковски: Заев е доведен во ситуација да прифаќа кадри од партнерите и против своја волја

Kога се говори за композиции во Владата мора да се има во вид фактот што мандатарот и премиерот Зоран Заев многупати е доведен во ситуација надвор од својата волја да прифаќа кадри од партнерите, рече Тито Петковски, претседател на НСДП и коалиционен партнер на СДСМ на Заев во синоќешното гостување на централниот дневник на телевизискиот канал 1ТВ.

Kога се говори за композиции во Владата мора да се има во вид фактот што мандатарот и Заев многу пати е доведен во ситуација надвор од својата волја да прифаќа кадри од партнер во владата кои не се по негова мерка. Ако од ДУИ имало коректен, чесен однос и кон Владата и кон Заев, оваков човек како Садула Дураку никогаш не би бил предложен за министер, истакна Петковски во своето гостување.

Додаде дека за него е скандалозно тоа што да се брани со вакви аргументи да се брани дека тој е „колективна меморија на ДУИ“, како што образложи за новинарите во вторникот, вицепремиерот за евроинтерграции Бујар Осамни, не е добра препорака да биде министер.

Петковски рече  и дека, според него, културата, здравството, образованието се најзначајни за една влада, доколку сака да направи сериозни реформи.

Имено, тој на прашањето дали неговата поранешна партија и сегашен коалициски партнер во власта СДСМ традиционално на секторот на образованието, на здравството гледа како на резервна гума, рече дека тоа не е само карактеристика на социјалдемократите кај кои имаше висока партиска функција, туку тие се и оптоварени со „чувството на изградба држава, а ги потценуваат оние кои се носечки сфери за реформи во општеството“.