Петмина државјани на Албанија со фалсификувани грчки и италијански документи се обиделе да влезат преку охридскиот аеродром

Петмина државјани на Република Албанија со фалсификувани документи се обиделе да влезат во Република Македонија.

Како што соопшти МВР, станува збор за двајца малолетници, 41-годишниот Т.Р., 40-годишниот Б.Г. и 37-годишниот Б.Р.

-Регионалниот центар за гранични работи Запад, до Основно јавно обвинителсво Охрид, поднесе кривична пријава против Т.Р.(41), Б.Г.(40), Б.Р.(37)и двајца малолетници, сите од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување на исправа“, казниво по член 378 став 1 од Кривичниот законик. Вчера во 11.45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле  Охрид“ тие се пријавиле за патување со фалсификувани грчки и италијански документи, се вели во полицискиот билтен.