Петмина избодени во дом на рабин во Њујорк, двајца се критично

Напаѓачот кој со студено оружје во саботата по локално време во домор на хасидски рабитн во американската сојузна држава Њујорк повреди пет лица, од кои две се во критична состојба, е сместен во прутвор, соопшти полицијата.

Напаѓачот, кој носел марама, ги избодел луѓето во куќа во местото Монси околу 50 километри северно од градот Њујорк, во текот на славењето на празникот Ханука на кое присуствувале десетици луѓе во домот на рабинот.

Местото Монси се наоѓа во округот Рокленд во кој третина се Евреи, а меѓу нива е големата заедница на хесидите, ортодоксни јудаисти кои живеат многу повлечено.

„Осомничениот побегна до местото на злосторството, но сега е во притвор“, објави полицијата.

Според пишувањето на медиумите кои се повикуваат на полициски извори, напаѓачот во својот крвав поход користел мачета, а полицијата го совладала во Харлем.

Советот за јавни работи на ортодоксните Евреи (OJPAC) објави на Twitter дека сите пет жртви се пренесени во локалните болници, како и дека две лица се во критична состојба. Една од нив е повредена со најмалку шест убодни рани. Меѓу жртвите е и ќерката на рабинот, рече Јоси Гештетнер, претставник на OJPAC.

Главната обвинителка на државата Њујорк, Летиција Џејмс, соопшти дека е „длабоко вознемирена“ од ова злосторство во Монси. „Имаме нулта толеранција за делата од омраза и ќе продолжиме да ја следиме оваа ужасна ситуација“, рече во објавата на Twitter.

Гувернерот на сојузанта држава Њујорк, Ендрју Јуомо, рече дека станува збор за „подол и кукавички напад вреден за презир“, као и дека му наредил на полицискиот одел за злосторства од омраца веднаш да започен истрага.

Њујоршката полиција објави во петокот дека нејзините припадници засилено патролираат во обласите на еврејските квартови, Боруф Парк, Краун Хајтс и Вилијамсбург, по низата антисемитски напади. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио“, порача дека „омразата нема место во нашиот град“, велејќи дека тие напади се напади врз сите њујорчани.

Повеќе антисемитски напади ги потресоа САД последните неколку години. Во напад во кошер продавнцие во градот Џерси, вториот по големиа во државата Њујорк, беа убиени шест лица, а полцијата тој чин го карактеризираше како „домашен тероризам со антисемитска заднина“.

Нападнати беа продавнции кои се наоѓаат на бреговите на реката Хадсон, наспроти њујоршки Менхетен. Тогаш де Блазио рече дека тоа „на трагичен начин потврдува дека напредувачкиот образец на насулен антисемитизам сега се претворил во криза на нашата нација и сега тоа е закана која дојде до прагот на градот Њујорк“.

Во април годинава на шабат, последниот дел од празникот Пасха, во синагого близу Сан Диего, 19-годишно момче пукаше од полуавтоматско оружје врз верниците. Уби едно и рани три лица. Шест месеци претходно, напаѓачот во синагогата во Питсбѕург уби 11 луѓе.

Нападот во Монси е изведен на празникот Ханука, со кој се одбележува победата на Јуда Макавеецот и неговите приврзаници во 164 година пред Христа против војската на Селеукидското царство, кога е ослободен Ерусалим и повторно е посветен тогашнот Храм.