Петмина повредени и стотици луѓе евакуирани во пожарите во Италија

Пет лица се повредени, меѓу кои едно девојче, а 30 се заруени од чад, откако се случи голем пожар во јужниот дел на градот Пескара, регионот Абруцо, пренесува агенцијата Аги.

800 луѓе од домот за стари лица, манастирот на калуѓерки, многу локални жители од нивните домови и сите туристи на тој дел од брегот се евакуирани.

Засега е утврдено дека пожарот започнал од три различни места, што е речиси сигурен знак дека бил подметнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.