Петмина повредени во сообраќајка кај Струга

Пет лица се полесно повредени во директен судир на два автомобили на регионалниот пат Струга – Дебар, велат од СВР Охрид.

Несреќата се случила околу 21,30 часот кај местото викано Мороишки мост кога автомобил „опел“ со швајцарски таблички навлегол во спротивната коловозна лента и се судрил со автомобил „фиат“. Повредените во несреќата веднаш се пренесени во струшката општа болница од каде по санирањето на повредените се пуштени дома.