Петмина ракометари завршија во болница

Ракометната репрезентација на Македонија се соочи дополнителни проблеми во пресрет на Европската Првенство 2014 во Данска, откако неколку ракометари завршија во болница и мораше да им биде дадена дополнителна лекарска помош.

Според информацијата која ја пласираше интернет поралот “Екипа” на сите ракометари утрово им била дадена инфузија, а проблемот настанал кога дел од нив реагирале лошо на третманот. Здравствената состојба кај овие ракометари значително се влошила, по што морале одново да бидат примени во болница.

„Стануваше збор за третман што беше предвиден од претходно со нашиот лекарски тим. Не знаеме што точно тргна на лошо, но за жал дел од ракометарите се пожалија на мачнина и мораше одново да им биде укажана лекарска помош. Станува збор за вкупно пет ракометари, а иако не знаеме дали ќе можат да тренираат вечерва, очекуваме тие да бидат максимално подготвени за настап во Данска“ , изјави директорот на репрезентацијата, Стевче Алушовски.

На влошена здравствена состојба веднаш по денешната прес-конференција се пожали пикерот Ванчо Димовски, а според порталот „мкд.мк“ најлошо од сите минал столбот на нашата одбрана, Велко Маркоски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.