Петмина рудари не успеаја да се спасат од рудникот кај Зеница

Петмина рудари загинаа во рудникот Распоточје кај Зеница каде што беа затрупани 34 рудари. Затрупувањето се случи по земјотресот кој го погоди тој дел од Босна и Херцеговина.

Спасувачките служби и техничкиот тим работеа од вчера кога се случи несреќата.

За среќа, вентилацијата во рудникот и понатаму работела и покрај потресот и затрупувањето инаку билансот на мртви, според проценките би бил поголем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.