Петмина скопјани приведени поради поседување на марихуана

Скопје, 18 септември 2019 (МИА) – Полициски службеници од СВР Скопје вчеравечер и рано утрово привеле петмина жители на Скопје за поседување марихуана.

Вчера околу 23 часот на ул.„Јордан Мијалков“, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 21:30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Перо Наков“, го привеле Н.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Утринава во 4:20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Трета македонска бригада“ ги лишиле од слобода А.Н.(33) и М.А.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

Утринава во 3:30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ф.В.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.