Петмина скопјани колабирале од горештините

Високите температури ја вжештија линијата на Брзата помош. Само денеска, петмина граѓани колабирале на улица во Скопје. Кај постарите лица имало зголемување и на срцеви и мозочни удари..На мета на топлотниот бран, најмногу се  работниците, кои и покрај препораките за заштита при работа, на 41 степен тие се на улица.

-Имаме зголемен број на интервенции кај луѓе кои се изложени на сонце заради нивната работа, тоа се градежниците и тука бројот на интервенции е зголемен, изјави доктор Јорданов.
Покрај здравствени проблеми, пеколните температури го зголемија и бројот на сообраќајни несреќи.
Од Брзата помош информираа дека само вчера имало пет судири во Скопје. Во последните 12 часа, Брзата помош интрвенирала на повеќе од 100 повици. Пет лица колабирале на улица, а зголемен е бројот и на сообраќајни несреќи. Лекарите велат дека во вакви услови прихофизичката активност кај луѓето е намалена и затоа апелираат возачите да бидат внимателни.
И покрај апелите на докторите да се почитуваат нивните препораки и да не се излегува на улица во екот на топлотниот бран, граѓаните најчесто немаат избор.
Во Скопје и денеска живата на термометарот го надмина 40-от степен. Од Управата за хидрометеоролошки работи исто време најавија и за утре. Заладување се очекува од крајот на неделата, но не под 30 степени.
-Од 41 степен, во недела температурата ќе падне на 31 степен“, изјави Ленче Ризова, синоптичар.
 Освен Македонија, екстремни температури се измерени низ цела Европа и поголем дел од светот. Од светската метеоролошка организација велат дека ова е еден од најголемите топлотни удари, во последните десет години. Затоплување имало дури и на Антартикот.