Петмина уапсени откако кај нив е пронајдено дрога

Пет лица биле уапсени на териротирјата на град Скопје откако при претрес полицијата кај нив нашла дрога.

„Вчера во 11:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода И.Б.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Попладнето во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(24) од Крива Паланка, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вечерта во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода И.О.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Подоцна во 00:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Десети минути подоцна, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Ѓ.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информира МВР.