Петмина убиени на протестите во Иран за смртта на девојката која не носеше хиџаб, според курдските активисти

Пет лица се убиени во иранскиот курдски регион кога безбедносните сили отворија оган за време на протестите поради нејзината смрт, соопшти една курдска група за права, во третиот ден од немирите поради инцидентот што предизвика гнев низ Иран, вклучувајќи го и главниот град, пренесува Reuters.

Две лица загинаа кога безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите во курдскиот град Сакез, родниот град на Махса Амини, објави на Твитер групата за човекови права Хенгав. Во соопштението се наведува дека уште две лица се убиени во градот Дивандарех со „директен оган“ од безбедносните сили, а петтото е убиено во Дехголан, исто така во курдскиот регион, пренесува Танјуг.

Ројтерс додаде дека не може независно да ги потврди овие извештаи.

За време на протестот нема официјална потврда за смртен случај.

Официјалната новинска агенција ИРНА објави дека имало „ограничени“ протести во неколку градови во седум провинции, кои полицијата ги разбила.

Државната телевизија соопшти дека повеќе демонстранти биле уапсени, но ги отфрли, како што рече, „некои тврдења за смрт на социјалните мрежи“ и прикажа двајца повредени млади момчиња кои ги негирале извештаите дека биле убиени.

Во националните осуди за смртта на Амини, хаштагот #MahsaAmini достигна речиси два милиони споменувања на Твитер.

Полицијата соопшти дека и се слошило додека чекала со други жени кои ги држи полицијата за морал, која спроведува строги правила во Исламската република кои бараат од жените да ја покриваат косата и да носат широка облека на јавни места.

Нејзиниот татко, сепак, постојано изјавува дека неговата ќерка немала здравствени проблеми, наведувајќи дека имала модринки на нозете. Тој смета дека полицијата е одговорна за нејзината смрт.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат демонстрации во Техеран кои се проширија во градовите Рашт, Машхад и Исфахан.

Махса Амини почина откако беше приведена од полицијата задолжена за строго почитување на обврската за носење хиџаб, пренесоа претходно светските агенции. Таа починала додека чекала во полициска станица. Полицијата соопшти дека Амини починала од срцев удар, додека на социјалните мрежи се појави информација дека таа починала како последица на тепање од полицијата.

Полицијата ја приведе Амини бидејќи не носела хиџаб.

Неносењето хиџаб во Иран е казниво со смрт, а активистите за човекови права во таа земја ги повикуваат жените да не носат хиџаб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.