Петмина убиени во пукање во ноќен клуб за хомосексуалци во Колорадо

Пет луѓе се убиени а уште 18 други се ранети во пукањето во саботата ноќта во куб за хомосексуалци во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо, соопшти тамошната полиција.

Осомничениот е во притвор и му се пружа лекарска помош поради повредите здобиени по нападот во ноќниот клуб „Club Q“, изјави за новинарите полициската функционерка Памела Кастро.

Клубот „Club Q3“, како што се рекламира на интернет, е „ноќен клуб за возрасни хомосексуални мажи и лезбејки во кој се одржуваат тематски вечери, вклучително и караоке, ‘драг’ настапи и диџеј забави“.

Полицијата за пукањето била известен малку пред полноќ по локални време, додала Кастро, но не изнела никакви дополните информации за можниот мотив за нападот.

Менаџментот на клубот објави дека се „скршени од безумниот напад врз нашата заедница“, како и дека „напаѓачот е совладан и запрен во својот поход од омраза, благодарејќи на брзата и херојска акција на нашите гости“.

Медиумите потсетуваат дека во 2016 година, вооружен маж уби 49 луѓе во ноќен геј клуб во Орландо, на Флорида, пред да биде застрелан од полицијата. Во тоа време тоа беше најлошото масовно пукање во поновата историја на САД. Напаѓачот претходно на социјалните мрежи изразувал лојалност на водачот на ултрарадикалната сунитска организација Исламската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.