Петнаесетгодишната Валиева европска првенка во уметничко лизгање, доминација на Русинките

Сензационалната 15-годишна руска натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева е новата сениорска европска шампионка, а до титулата дојде во сабота во естонската престолнина Талин, каде што пред две години како 13-годишна го освои златниот медал на Светското јуниорско првенство.

Валиева во своето деби на големите сениорски натпреварувања со голема предност стаса во завршната слободна програма, откако во кусата програм заработи 90,45 бодови, што е нов светски рекорд според сегашниот систем на бодување воведе во 2004 година.

Таа имаше и најдобро оценета слободна програма и славеше со вкупна оцена 259,06 бодови, со што јасно ја истакна кандидатурата и за освојување на олимпиското злато на Зимските олимписки игри во Пекинг од 4-ти до 20-ти февруари.

Руските лизгачки и овојпат ги освоија сите три медала на Европскста првенство, исто како и пред две години во Грац.

Као и во 2020 година, актуелната светска првенка Ана Шчербаково со 237,42 бода и Александра Трусова со 234,36 бодови мораа да се задоволат со среброто односно бронцата.

Русија така во Талин ги освои златните медали во сите четири категории, а во спорските двојки и женската конкуренција руските лизгачи ги освоија сите одличја.