Петок неработен за сите граѓани

По повод Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти октомври, ќе биде неработен за сите граѓани на државата согласно Законот за празници, соопшти Министертвото за труд и социјална политика.

Министерството на граѓаните им го честита празникот – Денот на македонската револуционерна борба.

До крајот на годината за сите граѓани останува само уште еден неработен ден.

За сите граѓани на РМ

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јази

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.