ВИДЕО| Петре Шилегов – наместо татко на градот, тој е срам за градот

651

Актуелниот градоначалник на град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов, се чини дека уште од самите почетоци на неговиот мандат континуирано е на мета на критики кај скопјани. Има и зошто.

Граѓаните се полни со гнев затоа што имаат чувство дека нивниот град е далеку од тоа што беше некогаш. Скопје во моментов ги живее најлошите денови, од воениот конфликт во 2001 година, па наваму. Валкан, без ниту еден нов проект на повидок за овие четири години, град во кој сѐ помалку важат закони, со автобуси кои воопшто не се одржуваат, во кој настануваат поплави на улиците од секој поголем дожд, а истите не се поправаат, исполнет со граѓани кои се чувствуваат небезбедно и во сопственото маало, место кое е синоним за сообраќаен хаос, а како шлаг на тортата, нашето мило Скопје го достигна максималното ниво на загаденост во однос на изминатите 10 години.

И додека градот ја губи својата автентичност и полека но сигурно се обвива во некарактеристично сивило, таткото на градот, односно најнеспособниот градоначалник што до сега се нашол на челото на Скопје, нема воопшто капацитет да ја извршува својата задача. Но, ќе остане запаметен единствено по јавните нервни напади и гафовите кои што ќе се раскажуваат и прикажуваат уште долго по неговото напуштање на функцијата.
Доколку се навратиме наназад на неговата функција како градоначалник на Скопје, освен срам, не знам што друго ни донесе.
Да започнеме со прилог во кој што се сумирани поголемиот дел од неговите нервни испади:

Ако ве вознемири ваквото однесување на човекот што треба да биде пример за јавен настап, издвојуваме и неколку видеа што ќе ви предизвикаат емоција “се смеам да не заплачам“.

Да започнеме со неговото (не)долично расположение на Антички театар во Охрид.

Понатаму продолжуваме со неговите танцувачки салса способности. По се изгледа дека салсата му оди за нијанса подобро од управувањето со главниот град.

А, моментот кога сакаше да биде во тренд и да го користи електричниот тротинет како превозно средство, но повеќе изгледаше како да го здрма струја, отколку како човек кој што ќе се снајде низ градскиот хаос на две тркала и без сопствен возач.

Велат дека е вистинска дарба да можеш да изведуваш повеќе работи во исто време, а тоа на нашиот градоначалник Шилегов очигледно од отсекогаш му одело од рака, да се потсетиме како во исто време, дава изјава и свирка по Симона.

Шилегов за цело ова негово мандатување на фунцкијата градоначалник, единствено што покажа и докажа дека нема што да им понуди на скопјани. Одбројуваме до 17 октомври, кога сите наши надежи се дека овој недостоен татко на градот ќе биде само минато!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.