Петрова и Штилјанов победници на велосипедската трка „Гран Фондо Скопје 2022“

Фото: Игор Паневски

Велосипедскатата трка „Гран Фондо Скопје 2022“ денеска го красеше Скопје. Тоа е атрактивна трка која се одржува низ голем број метрополи во Европа.

Организатор на оваа трка беше Велосипедската федерација на Македонија со помош на Град Скопје, а на истата учествуваа 380 натпреварувачи во неколку категории.

Најдобар во Гран Фондо на 121 километар во машка конкуренција беше Денис Штилјанов од Бугарија кој го освои првото место пред нашиот велосипедист Виктор Ванчевски, додека трет беше Даниел Тодор исто така од Бугарија.

Во женска конкуренција на главната трка на 121 км. најдобра беше Елена Петрова од Македонија пред Ивана Тонкова од Бугарија.