
Министерката за одврана Славјанка Петровска треба да престане да глуми жртва и да даде одговори дали крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Доста глуми, плаче и крие зад евтини приказни, додека во реалноста трупа и крие богатство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За дијагнозата дека има опседнатост, инхибиција и третман со седативи, не ја измислува ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го содржи извештајот на Петровска со кој таа се прави жртва во тужбата против Драган Ковачки. Суштината е дали навистина има Петровска ваква дијагноза, зошто ако таа е вистинита тогаш непресметлива личност го води Министерството за одбрана и треба да си замине или, пак, свесно лаже, а извештајот е измислен за да Ковачки биде осуден.
„Јавноста е уморна од глумењето на жртва на Славјанка, додека во реалноста станува за министер кој крие имот“, додаваат од партијата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.