Петровска: На јужната граница засега нема поголеми раздвижувања на мигранти, но опасноста постои

На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница.

– Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно, рече заменик-министерката Петровска при денешната посета на СВР Велес.

Таа потенцира дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои се додека не биде решен од таму каде што потекнува. – На нас е да ги преземеме сите мерки, за тоа да биде претходно превенирано, потенцира Петровска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.