Петровска: Нема разумна причина уставните измени да не се случат

Не гледам ниту една разумна зошто уставните измени да не се случат, сите тези, кои опозицијата се обидува да ги наметне како вистинити, се неточни, истакна членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „Клик плус” на телевизија 21.

Петровска нагласи дека кога се зборува за уставните измени треба да се знае целта на амандамот, во преамбулата на Уставот покрај деловите на народите кои се веќе наведени да се додадат дел од бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот и други народи.

Каде се губи идентитетот, ако се стави дека се Бугарите се малцинство во нашата држава, напротив сега е моментот да кажеме дека Бугарите се малцинство, рече Петровска.

Петровска нагласи дека со тоа се прави дистинкција меѓу Македонците и Бугарите се побива тезата е дека македонскиот народ не е еден народ туку е подлелен во две држави.

Не се губи идентитетот со уставните измени. Ако ова не го дефинираме вака, тогаш може да биде во прашање нашиот идентитет, нагласи Петровска и ги повика пратениците на опозицијата да ги поддржат уставните измени.

Пратениците на опозицијата да се одважат и на лидерот да му кажат дека одлуката му е популистичка, рече Петровска, додавајќи дека опозицијата води лицемерна, квази патриотска политика.

Може тешко е да се избориме за една одлука, но долгорочно, тоа е визија и инвестирање во државата, ние сме за интеграција, за подобри услови за граѓаните и сега е време да ги донесеме вистинските одлуки, порача членката на ЦО на СДСМ Славјанка Петровска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.