Петровски: Некој сака да не тргне од фајнл – форот

Ракометарите на Металург загубија на гостувањето кај Мешков (Брест) со 27:24 и паднаа на петтото место на табелата во СЕХА Лига.  Но, по натпреварот своето незадоволство од судењето го изрази помошник тренерот Александар Петровски.

„Сакам да и честитам на екипата на Брест за победата. Трета година ја поддржуваме лигата, но некој постојано сака да го тргне Металург од фајнл фор турнирот. Судиите беа џелати и на денешниот натпревар. Тие постојано разговараа со нашите ракометари и постојано гледаа кон резултатот. Но, сакам да истакнам дека победата на Брест е чиста. Имавме долго патување и во Белорусија бевме шест дена. И после се некој така да не малтретира. Не смее да биде важно кој игра, Загреб, Татран или ние, важно е во фајнл – форот да се најдат тие што тоа го заслужиле, без заткулисни игри. Бараме нашиот труд да се цени правилно“, изјави помошник тренерот на Металург, Александар Петровски.