Петрушевски: Куманово е заробен град

Куманово е заробен град, и ова е формулација која најдобро може да го опише ова владеење на СДСМ, не само во последниот период, туку и во 27- годишниот период наназад, истакна во четвртокот Бране Петрушевски, претседател на Оопштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за овој град.

Во континуитет се ветуваат проекти кои за жална кумановци, ниту се реализираат, ниту се почнува со нивна реализација. Куманово се гуши во загаденост, се гуши во кал и во сообраќаен хаос, а од локалната власт не смируваат со формулации дека загадувањето не било алармантно, ниту пак проблемите. Истакнувањата на ветувањата на градоначалникот и на локалната администрација од наша страна нема за цел да звучи како гола критика, туку сакаме да ги потсетиме и да извршиме притисок конечно да почнат да си ја работат за која се избрани и земаат плата, нагласи Петрушевски.

Истакна дека за 2019 година, градоначалникот предвидел да асфалтира дури 352 метри квадратни улици или околу 100 метри улици.

За цела 2019 година локалната администрација успеала да го смисли овој проект. Во делот на загадувањето немаме конкретни и реални мерки кои ќе дадат резултат, а гасификацијата стагнира. Кумановци заслужуваат повеќе, власт која она што ќе го вети ќе го реализира, а не власт која ги смета за гласачка машинерија, која Куманово го смета за свој град и е единствена општина во Македонија каде се издава општински и државен имот за свои цели. Црнилата во кои ја завија Република Македонија, можеби најсилно се чувствуваат во Куманово, посочи Петрушевски.