10.8 C
Skopje
понеделник, октомври 7, 2024

Петрушевски: Апасиев наместо по власта, повторно со лажни удари по ВМРО-ДПМНЕ, освен СДСМ фајде од двајцата пратеници на Левица има само собранискиот ресторан

Апасиев наместо по власта, повторно со ниски и лажни удари по ВМРО-ДПМНЕ, вели Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Освен СДСМ, фајде од двајцата пратеници на Левица има само собранискиот ресторан.

На седниците никогаш ги нема, но во ресторанот се секојдневно, без исклучок.

Коалицијата на Левица со СДСМ во град Скопје, како и во општините Прилеп, Гевгелија, Охрид, Свети Николе, Бутел, Аеродром и Велес очигледно почна да функционира и на централно ниво. Нека им е честито!

Ќе ги победиме сите на купче!, пишува Петрушевски на Фејсбук.