Петрушевски: Македонија поради СДСМ стана земја на потсмев, доцниме во секое поле дури и со вакцинацијата против Ковид-19

Како држава стануваме предмет на потсмев не само во регионот туку и пошироко. Доцниме во секој аспект, се што требаше да се направи, се што беше ветено од оваа влада ништо не се исполни. Датумот апсолутно го нема и немаме предвидливост кога ќе дојде тој датум. Доцниме во вакцинацијата. Ние најпрвин доцниме ако се сеќавате со набавка на респиратори, од тоа ништо не бидна пропадна, за среќа други држави ни подарија. Потоа имаше укажувања и совети од СЗО да се изврши имунизација од сезонски грип и тука доцневме дури и не ја завршивме како што треба. Прво доцна почнавме, па не завршивме. А, сега доцниме и со вакцинација против КОВИД-19. Зошто? Затоа што немаме способна влада, односно немаме способни министри во Владата кои што ќе се заложат и ќе набават вакцини соодветно онолку колку што ни треба, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при своето гостување во емисјата „Што не е јасно“.

Петрушевски додаде дека оваа Влада не креираше ниту стратегија како ќе се вацинираат луѓето, колну ни се потребни вакцини. Оваа Влада не знае ни од подарените вакцини околу 8.000 што ќе ги добие државата од Србија не знае кај кого ќе ги употреби и дали се вметнати во вкупниот процент колку што се потребни на Македонија вакцини. „Треба да се направи стратегија каде ќе се вакцинираат граѓаните, на колку пунктови да не се случи она како што беше со земање на брисеви во некои помали градови. Треба да знаеме со колкава брзина ќе биде тоа и колку временски период ќе фати вакцинирањето. Политиката на власта купи ден продај не доликува на земја членка во НАТО и земја аспирант за во ЕУ“, вели Петрушевски.