Петрушевски: На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори, власта креираше политичка криза за да си ги спаси фотелјите

„Она што ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се направи во иднина после срамот и силувањето на демократијата вчера во Законодавниот дом е Република Македонија да има брзи предвремени парламентарни избори“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Петрушевски додаде дека вчера со самиот чин на Кастриот Реџепи и СДСМ Македонија е внесена во уште една криза и тоа политичка.

„Ние сега треба да се справуваме со здравствена криза, се справуваме со економска криза, не очекува и енергетска криза, а сега имаме и политичка криза, само за да се спасат фотелјите на власта и на Зоран Заев кој што патем речено си најави оставка“, потенцираше Петрушевски.

Петрушевски посочи дека логика во дејствувањето на оваа Влада нема освен што се обидуваат со сите сили да си ги задржат своите фотелји на штета на државата.

„Власта не ни овозможи да гласаме за доверба на Владата“, нагласи Петрушевски.