21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Петрушевски: Неодложно бараме и инсиситираме на повеќе тестирања во Куманово, зголемување на човечките и материјалните болнички капацитети

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пипува дека кумановскиот градоначалник е во сериозен конфликт со Спасовски.

-„Оставени сме сами на себе„ е уште повистинска, пореална, но и поболна констатација за целокупната неспособност на Владата, од причина што доаѓа токму од градоначалник на СДСМ. Сега на сите им е јасно дека нашето укажување на пропустите и грешките во справувањето со кризата не е политиканство, туку реалност која не доведе до моменталната ситуација.
За пошироката јавност, бидејќи кумановската знае, се зборува дека постои сериозен конфликт помеѓу Димитриевски и Спасовски, за тоа кој е „газда“ во Куманово. Токму овој конфликт, помеѓу градоначалникот, кој очигледно под притисок на лошото справување со кризата и лелекот на Кумановци, сега моли за помош, и премиерот, кој опиен од моменталната моќ, се чини дека свесно и намерно го кочи, е можеби дополнителна причина за брутално лошата ситуација во Куманово.
Како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, поради мојата најискрена загриженост и љубов кон Куманово, апелирам:
– Димитриевски, како што веќе ти пишав во порака уште пред три недели, за што било стојам на располагање на општискиот кризен штаб, заедно со сиот интелектуален и професионален капацитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово. Остави ја настрана личната и партиска суета и прифати ја подадената рака. Немој по примерот на Владата да одбиваш се што доаѓа од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
– Спасовски, те повикувам преку Владата да помогнеш на Куманово и да излезеш во пресрет на барањата на општинскиот кризен штаб! За нас кумановци се работи, за твоите сограѓани…
Бидете убедени дека Куманово ќе победи и без вашата помош. Но тогаш, тогаш како ќе не погледнете во очи!?
Неодложно бараме и инсиситираме на повеќе тестирања во Куманово, проценка и зголемување на човечките и материјалните капацитети на Болницата и да се излезе во пресрет на барањата на општинскиот кризен штаб!
Куманово во срцето! Куманово ќе победи!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.