Петрушевски: Власта како што сака да го тера пописот, може да добиеме само нереални податоци

Ова како што го тера власта ова не е попис, туку попишување на државјаните на Македонија, луѓето кои што имаат македонско државјанство. И без разлика колку време живее во Македонија и колку време живее надвор од Македонија ќе биде попишан во една иста база. Ние немаме никаков проблем да се попише дијаспората од една страна во една база, и да се попише резидентното население кое што живее во Македонија, странците кои што живеат во Македонија повеќе од една година како што налагаат европските стандарди, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при своето гостување во емисијата „Што не е јасно“.

Петрушевски додаде дека власта како што го тера пописот ние граѓаните само може да добиеме нереални податоци. И тие нереални податоци ќе бидат основа за нереална стратегија.

„Пописот се прави за утре да генерираш, креираш економски политики, социјални политики, демографски политики. А, ние со овој попис на СДСМ ќе добиеме бројки кои што нема да резултираат со она што имаме на терен и на пример за да бидам наједноставен сфатен утре треба да дојде еден инвеститор во Република Македонија, и тој сака да знае колку инженери по информатика има во Македонија. И сега ние бидејќи ќе ги попишеме сите државјани, ќе ги попишеме сите инженери по информатика кои што ги има Република Македонија односно граѓаните со македонско државјанство, меѓутоа можеби 90% од нив се во странство. И ќе му дадеме нереални податоци на странскиот инвеститор и со таков несериозен пристап кон сериозни фирми кои што треба да дојдат во Република Македонија не можеш да очекуваш дека ќе ти инвестираат тука“, нагласи Петрушевски.

Посочи дека пописот нема врска со статистика. -Овој попис е политички кој што сака да го тера власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.