Петрушевски: Власта не нуди никакви мерки за граѓаните за справување со кризата, а бизнисите ги остави без помош да плаќаат најскапа струја во регионот

Од ден на ден власта покажува дека нема компас. Освен обид за манипулација на граѓаните, ништо не видовме. Власта не понуди план и не дека не сакаат, туку тие не знаат што ќе прават. Не знаат да кажат колку ќе чини справувањето со енергетската криза, не знаат како ќе се справат и затоа манипулираат, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Петрушевски посочи дека власта нема никакви мерки за заштита на граѓаните, додека законите со кои се фали воопшто не се поднесени, односно никој не ги видел, а во меѓувреме бизнисите пропаѓаат заради високите сметки за струја.

„Апсолутно немаат никаква мерка за граѓаните, и се уште нема закони за кои се фалеа дека ќе им помогнат на најпогодените граѓани, и ги оставија малите и средните претпријатија на кои струјата им е зголемена за 40 до 50 отсто и ги оставија 1.360 големи компании, и 360 јавни институции без никаква помош. Владата не им овозможува на македонските бизниси конкурентност во регионот, затоа што плаќаат убедливо најскапа струја од сите други во регионот, со тоа владата ги оштетува и во делот на конкурентноста и во делот на ликвидноста“, рече Петрушевски.

Истакна дека додека државите во регионот сериозно се спремаат како да ја преживеат зимата и како да набават енергенси владата на СДСМ се фокусира на напади ко ВМРО-ДПМНЕ и покрај понудениот план за справување со кризата.

„Тука нема политика, експертски им нудиме план, и ако не го спроведат ќе дојдеме до сериозна ситуација да не може да се затоплат училиштата, а децата повторно да се онлајн настава, да не може болници да се затоплат, да не зборуваме за домаќинства. Како најголема политичка партија располагаме со најголем потенцијал и го нудиме тоа на владата за да се справиме со кризата“, истакна Петрушевски.

За извештајот на Светска банка каде се вели дека на Македонија ѝ се заканува стагфлација, тој рече дека ако се чита извештајот нашата економија е како да сме во војна или непосредно.

„Буквално како да сме во војна, до тоа дереџе не доведе оваа влада. Ефектот во економијата е како да не нападнал некој и затоа ги имаме овие параметри. Е толку е голема нивната неспособност“, изјави Петрушевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.