11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Петрушевски: Зошто Владата на „Макпетрол“ сака да му плати 14,2 милиони евра повеќе од проценетата вредност?

Силувањето на собраниските процедури за шверцерски да се протурка исплатата на 33 милиони евра народни пари за Макпетрол е доказ дека се работи за тежок криминал, коментира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија нема да се откажат и со сите сили ќе се обидат да го спречат носењето на ова штетно законско решение.

Прашуваме зошто Владата на Макпетрол сака да му плати 14,2 милиони евра повеќе од проценетата вредност?

Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот! ЗОШТО? Затоа што е криминал!

Се оди со закон во Собрание, што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија? ЗОШТО? Затоа што е криминал и Заев бега од одговорност!

Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со филибастеринг ја блокира работата на Собранието, а со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари“ – истакна тој.