Петта годишна конференција на иселеничките организации

Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе се одржи Петтата годишна конференција на иселеничките организации.

Конференцијата во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи ќе ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Учесниците на форумот ќе дебатираат на темата чување и негување на македонскиот јазик и култура, како и за јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи.

Меѓу точките на конференцијата се и државјанство и избирачко право, организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии, и остварување на пензиско право на иселениците.

На свеченото затворање на конференцијата на иселенички организации претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе им доделени одликувања и признанија “Македонија памти” на физички и правни лица од иселеништво за особени заслуги и достигнувања за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.