Петте нешта кои треба да се знаат за Австрија

Австрија во недела го избира новиот парламент откако поранешниот канцелар Себастијан Курц во мај поради аферата со челникот на крајната десна Слободарска партија (FPOe) ја растури владејачката коалиција и распиша предвремени избори, пишува во петокот агенцијата AFP наведувајќи пет работи кои треба да се знаат за оваа држава од нејзиното турбулентно раѓање пред сто години до жестекото противење на нуклеарната енергија.

Австрија, тоа е она што остана

Австриската република настана во 1918 година, на урнатините од Првата светска војна и Австро-унгарската монархија.

„Она што остана, тоа е Австрија“, безмилосно го резимирал францускиот челник Жорж Клеменсо раѓањето на малата држава на којашто ѝ беа одземени териториите на Хабзбурговците кои се протегале од тогашна Чехословачка до Југославија.

Првата република е одбележана со бруталните судири меѓу марксистите и националистите пред да следат двете диктатури, прво на двајцата канцелара Енгелберт Долфус и Курт Алојс Јозеф Јохан фон Шушниг, а потоа и на нацистите.

Поради овие жестоко судири, Австријците по 1945 година, поради задоцнетата свест за одговорноста на земјата за доаѓањето на власт на германскиот нацистички челник Адолф Хитлер и злосторствата сторени во времето на германскиот Трет Рајх, развиле наклонетост на големите коалициите меѓу конзервативците и социјалдемократите.

Живот на скии

Триесетгодишниот скијач Марсел Хиршер на почетокот од септември објави крај на својата маестрална кариера и Австријците практично ги зави во црно. Спортистот, кого многумина го сметаат за еден од најголемите скијачи во историјата, оствари во кариерата 67 победи во Светскиот куп, 32 во слалом, 31 во велелслалом, 3 во паралелен сламом и една во супервелеслалом. Освои и осум големи Кристални глобуси и шест мали Глобуси во слалом и велеслалом.

Но, бидејќи скијањето од средината на 1990-те години повеќе не е задолжителен спорт во училиштата, бројот на скијачите редовно паѓа, па ваквиот развој на на настаните има и социолошка заднина. Имено, петтина од 8,8 милиони жители на Австрија живеат во главниот град Виена, а дури 36 отсто од жителите на „убавиот син“ Дунав се родени во странство. Бројот на жителите на Виена постојано расте, што претставува предизвик за властите на овој град кој е високот на светската листа според квалитетот на животот.

Носталгијата наречена Сизи

Виена со многу внимание ја негува носталгијата по својот златен период: времето на сликарот Густав Климт или втемелувачот на психоанализата Зигмунд Фројд, кога австриската престолнина до крајот на XIX век била интелектуален светилник на Европа.

Моцарт, Глик, Хајдн, Бетовен, Шуберт, Брамс, Врукнер, Малер, Шенберг, Штраус, се виенчани по раѓање или како дојденци го прегрнале градот како свој, а од метрополата направија светски храм на љубителите на музиката.

Милиони туристи се слеваат годишно во Виена, меѓу другото, да уживаат во програмите на тамошната славна Опера, 450-те зимски балови и позлатените куполи на Музиквферајн каде традиционално се одржува Новогодишниот концерт/

Меѓутоа, ништо не може да ја замени традиционалната Бадникарска вечер во Оберндорф, селце недалеку од Салцбург, каде што пред речиси два века настанала песната „Тивка ноќ“.

Бомбони и пиштоли

Австрија е просперитетна земја, добро се продава, а нејзиниот извоз претставува над 50 отсто од БДП-то. Станива збор за познатите пијалаци „Red Bull“ и „Pagо“, мотоциклите КТМ, крсталите „Swarovski“, коцкарскиот гигант „Novomatic“, бомбоните „PEZ“ кои од 1927 година се продаваат во 80 земји, и надалеку прочуените пиштоли „Glock“.

Фабриката за производство на пиштолите „Glock“ се наоѓа крај Виена, а со ова оружје се опремени бројни полиции во светот, а од неодамна и папската Швајцарска гарда.

 

Зелениот џин

Австрија е европскиот предводник во еколошкото земјоделие со 25 отсто обработени површини на кои се одгледуваат био-производи.

Австрија, исто така, уште од 1978 година на рефередум се откажа од нуклеарната енергија. Дури 87 отсто од потрошената електрична енергија доаѓа од обвновливи извори. Австрија има многу амбициоен план за 15 години половината од севкупните енергетски потреби да бидат од обновливи извори на енергија.

Самите Австријци често мислат дека живеат во вистинска рајска градина, но се многу лоши ученици кога станува збор за емисијата на гасовите кои ги предизвикуваат ефектот на стаклената градина. Имено, Австрија е една од ретките европски земји во која емисијата на штетните гасови од 1990 година пораснале, додека во Европската унија просечно паднале за 22 отсто.