Петтемина несекојдневни еврокандидати

Бегалец од Сомалија кандидат на британските Зелени, поборник на каталонската независност кој во моментов е во затвор, тренсродова личност од Полска, се некои од кандидатите за место во Европскиот парламент со една заедничка карактеристика – сите се надвор од поимот за просечниот еврокандидат.

 

Грчки министер, кадидат во Берлин

Во екот на грчката должничка криза во 2015 година, беше на постојано на удар на критиките од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој бараше драстично штедење во замена за кредитите кои меѓународните доверители ѝ ги одобруваа на Грција. Четири години подоцна, Јанис Варуфакис е кандидат на европските избори, и тоа токму во Берлин.

Денес 58-годишниот радикален економист, кој беше министер за финансии во првата влада на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Варуфакис ја предводи листата Демократија во Европа, германска политичка партија којашто е дел од DiEM25 транснационалното и движење против естаблишментот, а во чиешто основање и самиот учествуваше на почетокот од 2016 година.

Според анкетите има поддршка помала од 1 отсто, меѓутоа Варуфакис ја избра Германија поради нејзините поволни изборни прописи. Неговата листа се бори за ткн „Зелен Њу дил“ и сака транспарентност, како и телевизиски преноси од состаноците на европските челници со Европската централна банка (ECB), којашто многу Грција ја сметаат за одговорна за извонредно рестриктивната политика на штедење која последните години ѝ беше наметната на Грција која беше на работ на уште еден банкрот во својата историја.

 

Потомок на Мусолини

Гај Јулиј Цезар Мусолини, или Кајо Џулио Чезаре на италијански, е втор потомок на италијанскиот фашистички челник Бенито Мусолини кој ќе си ја испроба среќата во Европскиот парламент. Пред него тоа го стори Алесандра Мусолини, роднина на неговиот татко, којашто беше европратеничка од 2014 година досега, откако беше сенаторка, односно пратеничка во горниот дом на италијанскиот парламент.

Правнукот на италијанскиот диктатор, Чезаре Мусолини е 10-ти на листата во својата изборна единици од партијата Fratelli d’Italia (Италијански браќа), мала партија од крајната десница на којашто анкетите не ѝ предвидуваат минување на изборниот праг од 4 отсто на изборите за ЕП кои во Италија ќе се одржат на 26-ти мај, недела.

Доколку сепак, по некоја среќна околност биде избран, овој 51-годишник поранешен поморски офицер а денес шеф на компанија со седиште во Обединетите Арапски Емирати, ќе се ангажира на остварувањето на своите приоритети: да се запре „трошаџиството“ и да им се датат повеќе овластувања на европратениците.

Роден во Аргентина, Кајо Џулио Чезаре Мусолини не мисли дека ќе биде избран поради неговото презиме, туку попрво поради името, своето чувство за должност и меѓународното искуство, иако името Џулио Чезаре и не е толку ретко во Италија. Во парламентот во Стразбур „ќе го бранам националниот интерес со сите свои потези и гласањето“, вели потомокот на Мусолини, во согласност со, како што ги нарекуваат, ултра-суверенистичките ставови на Италијански браќа.

 

Сомалиски бегалец, денес Англичанец и еколошки активист

Роден во Сомалија, 29-годишниот Магид Магид, или попознат како британско-сомалискиот политичар и активист Магид Мах, добил азил во Велика Британија кога бил дете и растел во сиромашен кварт на индустрискиот град Шефилд, на северот од Англија.

Како кандидат на британските Зелени за место во Европскиот парламент, Магид сака да биде глас на младите и на беглаците, меѓутоа шансите да успее во тоа му се многу мали.

Во кампањата во Лондон носеше маичка со натписот „Immigrants Make Britain Great“ (имигрантите ја прават Британија голема), како парафраза на мотото на американскиот претседател Доналд Трамп кој порачуваше во кампањата „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Инстинктот да го привлече вниманието на јавноста на за него важните прашања го покажа во 2017 година, кога истрча полумаратон во Шефилд преправен во стебло пторестирајќи против политилата на сечење на стеблата во градот.

 

Притвореник, поборник за независна Каталонија

Поранешниот потпретседател на Каталонија, Ориол Жункерас, кој во момент е во притвор и го очекува судење под обвинение за поттикнување бунт против Шпанија, е лидер на европските покраински партии за изборите на 26-ти мај, па според тоа е и кандидат за претседател на Европската комисија. За европските избори можеше да се кандидира, бидејќи сѐ уште не започна да му се суди, а доколку пресудата му беше изречена би бил дисквалификуван.

Овој 50-годишен универзитетски професор, кој беше европратеник од 2009 до 2011 година би можело да биде осуден на 25 години затвор поради неговата улога во обидот за отцепување на богатата Каталонија од Шпанија преку референдумот за независност од октомври во 2017 година, кој највисоките судови во Мадрид го прогласија за неуставен и го забранија.

Го сметаат за голем ривал на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон за челната позиција на пронезависното каталонско движење. Жункерас е во предност бидејќи реши да остане во Шпанија каде што е притворен, за разлика од Пучдемон кој со неколку соработници од неговата влада засолниште најде во егзил во Белгија и денес живее во Ватерло близу Брисел.

 

Трансродов кандидат од католичка Полска

Ана Гроцка веќе го зазема своето место во парламетарната историја на Полска, бидејќи во 2011 година стана првата трансродова личност која беше избрана за пратеник во парламентот на оваа традиционално силно изразени католичка земја.

Денес 65-годишната Гроцка се обидува да освои пратеничко место во Европскиот парламент на листата на малата партија од левицата Razem (Заедно), иако шансите ѝ се многу мали, не е носител на листата а анкетите ѝ предвидуваат малку гласови.

Родена како момченцето Криштоф, кое според сопственото признавање, брзо сфатило дека не се чувствува добро во своето тело. На возраст од 11 години, во интомниот дневник веќе за себе пишува како за Ана. Зад себе има брак во кој влегол како Криштоф и со својата тогашна сопруга има син. Двојката се развела во 2007 година, а потоа Гроцка започнала со терапијата за да стане жена.

Поранешната режисерка и издавач, Гроцка учествуваше во создавањето на Транс-Фузија, фондација која ги советува трансполовите лица и го поддржува движењето ЛГБТ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.