Петти ден по ред над 400.000 коронаинфекции во светот, Европа пред „мрак“

Бројот на лицата заразени со новиот коронавирус во светот во текот на изминатите пет дена се зголемува за повеќе од 400.000 во едно деноноќие, и претставува најдолгиот период на интензивен раст на инциденцата на заразите од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците кои во понеделникот во Женева ги објави Светската здравствена организација (СЗО –WHO).

Според пресекот во 18 часот по македонско време во понеделникот, во светот се регистрирани вкупно 42.966.344 случаи на зараза со SARS-CoV-2, и 1.152.604 смртни исходи како последица од компликациите кои ги предизвикува респираторната болест Covid-19, посочуваат од СЗО.

Во текот на изминатото деноноќие во посочениот период од денот, бројот на заразените лица се зголемил за 435.528 новозаразени. СЗО ги забележал овој показател кој го надминува новото од 400.000 дневни случаи на коронаинфекции. На 22-ри октомври во светот имало 442.890 новозаразени, на 23-ти – 460.538, на 24-ти – 478.700 и на 25-ти октомври 441.268 случаи.

Претходно најдолгиот период во текот на кој бројот на заразените лица на дневно ниво на раст за повеќе од 400.000 траеше три дена. Таков раст СЗО забележала од 16-ти до 18-ти октомври, на 16-ти имало 401.319, на 17-ти – 412.756 и на 18-ти октомври – 409.598 заразени.

Заклучно со состојбата на 26-ти октомвро, СЗО бележи најмногу потврдени случаи од почетокот на пандемијата во САД – 8.485.747. Потоа следат Индија (7.909.959), Бразил (5.380.635), Русија (1.531.224), Франција (1.107.952), Аргентина (1.081.336), Шпанија (1.046.132), Колумбија (1.007.711), Мексико (886.800), Перу (886.214), Велика Британија (873.804) и Јужна Африка со 715.868 потвредени случаи на коронаинфекции.

Статистиката на СЗО ги зема предвид само официјалните потврдени информации за случаите на инфекции и смртни исходи кои ги пријавуваат државите.

 

Европа треба „сериозно да ја забрза“ борбата против коронавирусот

Европа треба сериозно да ја забрза својата борба против коронавирусот, а недостигот од следење на контактите на заразените би можел болеста да ја одвлече во темнина, предупреди во понеделникот, Мајк Рајан, главен експерт за вонредни ситуации на СЗО на редовниот брифинг за новинарите.

Во Европа ситуацијата е „недозволиво црна“ и низа земји пријавија рекорден број на заразените, почнувајќи од Франција којашто во неделата првпат забележа повеќе од 52.00 новозаразени, а бројот на починатите на Стариот континент го мина прагот од 250.000.

На 46-те европски членки на СЗО отпаѓаат 46 отсто од вкупно заразените во светот и речиси третината од сите смртни исходи, додаде Рајан.

„Во моментов во Европа каскаме зад овој вирус, а за да излеземе пред него, потребно е сериозно забрзување“, изјави Рајан на прес-конференцијата.

Болничките капацитети за лекување на заболените од Covid-19 во Европа се зголемени, а смртноста е „многу, многу ниска“, рече Рајан заблагодарувајќи им се на здравствените работници и здравствените системи.

„Но сведоци сме на голем број случаи, сведоци сме на раширена зараза, сведоци сме на многу висока стапка на заразата и недостиг од капацитетите да спроведеме какво и да е ефикаснао следење на контактите на заразените, што заразата ќе ја одведе во темнина“, рече Рајан

„А многу земји сега се соочуваат со серијата карантини во наредните седмици. Сигурен сум дека ниедна земја во Европа или во светот не сака да биде во таква ситуација“, додаде експертот на СЗО.

Марија Ван Керков, техничката шефица за Covid-19, на новинарско барање да го коментира растечкиот број заболени во Европа, одговори „Сѐ уште се надеваме дека земјите нема да мора да влезат во национални карантини“.
.