Петти роденден на „Капитол мол“, пет дена забава

Капитол мол веќе пет години го исполнува срцето на Аеродром. Во тие 60 месеци или 240 недели, десетици илјади посетители го обликуваа самиот центар во нешто значајно.

Заедно со нив молот прерасна во центар на вредни брендови и значителни настани од едукативен и забавен карактер, а низ годините истиот се трансформираше во 5 пати поголем мол – поголем со безброј среќни моменти, забави и уникатни акции и попусти за сите значајни поводи низ годините – како за малите, така и за возрасните. Капитол Мол успеа да прерасне во совршено катче за релаксација и забава за секој член од семејството.

Во родененскиот дух, Капитол мол повторно планира прекрасни активности за своите лојални фанови, но овој пат за 5-от роденден тие ќе траат цели 5 дена, од 12ти до 16ти декември 2018. За време на овие роденденски денови ќе има колачиња, балони, музика, танци, детски работилници, жонглери, танцови настапи, но и тркало на среќата. Секој кој од 12ти до 16ти декември 2018 ќе направи сметка над 500 денари во молот, ќе ја има можноста да го сврти тркалото на 1 кат на кое ќе има голем број на награди од брендовите во Капитол мол.

Воедно, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во роденденските попусти за време на роденденските денови во молот.

Покрај сите активности, детските очиња се насочени кон настапот на единствената Биби. Во сабота (15.12.2018) во 18 часот, како дел од роденденската програма, целото семејство ќе може да ужива и во „Светот на Биби“ на 1 кат во молот. Од Светот на Биби малите ексклузивно ќе можат да го погледнат ексклузивниот трејлер од новогодишната сказна на Биби, премиерно да ја слушнат новогодишната песна на Биби, да се фотографираат со Биби и да цртаат во преубавите боенки на Биби.

Еве како Капитол мол ќе го прослави роденденот за своите посетители:

ПЕТОК

17:30 – 18 ч. – Фотографирање со Мини и Мики и подарок колаче и балонче за секое дете!

18 – 18:15 ч. – Пеење на роденденски и божиќни песни на англиски јазик и роденденски(со децата од училиштето за англиски јазик ACCESS)

18:15 – 18:45 ч. – Жонглирање и перформанс со моницикл, со жонглерот SPINUS!

18:45 – 19:45 ч. – Украсување роденденски колачи со Пекара МАФИНИ!

20 – 21 ч. – ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА Powered by ПРОСВЕТНО ДЕЛО! Правиме роденденски честитки и боиме мандала боенки!

САБОТА

11 – 12 ч. – Балетски настап со Балетско Студио ДИАДЕМА!

12 – 12:15 ч. – ORANGE KIDS CLUB: Fashion & Dance Show!

12:15 – 13 ч. – Балетски настап, хип-хоп перформанс и настап на деца од ран детски развој со Едукативен Центар СОНЦЕ!

13 – 14 ч. – Роденденски FACE PAINTING!

14 – 16 ч. – ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА Powered by ПРОСВЕТНО ДЕЛО! Правиме роденденски честитки и боиме мандала боенки!

18 ч. – „СВЕТОТ НА БИБИ“ во Capitol Mall!

НЕДЕЛА

12:00 – 12:30 ч. – Жонглирање и перформанс со моницикл, со жонглерот SPINUS!

12:30 – 15:00 ч. – ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА Powered by ПРОСВЕТНО ДЕЛО! Правиме роденденски честитки и боиме мандала боенки!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.