Петто лице притворено во врска со нападот во Стразбур

Петтото лице блиско до Шериф Шекат, осомничен за терористичкиот напад на божикниот базар во Стразбур, е притворено во четвртокот, соопштиле извори од париското државно обвинителство.

Притворениот маж е близок на осомничениот кој се’ уште е во бегство, но не е член на неговото семејство, додал изворот, пренесува агенцијата AFP. Сместен е во притвор во Стразбур во четвртокот попладнето. Родителите на Шериф Шекат и двајцата браќа беа притворени уште ноќта кон средата. Во четврокот попладнето уште биле во притвор, според наводите на државното обвинителство во Париз.

Покрај тоа, во четврторкот попладнето во стразбурскиот кварт Недорф се одвиваше голема полициска операција со учество на елитните специјални полициски сили RAID. Извори рекоа дека операцијата се води во рамките на истрагата но нема задача да го уапси осомничениот. Шекат дошол во оваа населба со такси по пукањето на базарот. По трите престрелки со полицијата, ну се загуби трагата.

Телевизијата BFMTV во четвртокот објави дека полициската операција во којашто биле ангажирани 700 полицајци и војници со поддршка од два хеликоптера, завршила без апсење на осомничениот. Според телевизијата, полициската блокада на квартот Недорф ќе биде отстранета, но потрагата по 29-годишниот Шекат продолжува.

Според последните податоци на префектурата на полицијата во покраината Гран-Ест во нападот што го изршил овој млад жител на Стразбур убиени се три лица а уште 13 се ренети. Во средата обвинителот на Париз, Реми Ејтс, изјави дека кривичното досие на осомничениот за нападот во Стразбур содржи 27 пресуди за дела извршени во Франција, Германија и Швајцарија. Безбедносните служби потврдија дека им бил познат како потенцијално радикален.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.