„Пежо 208“ е прогласен за Европски автомобил на годината

48

„Пежо 208“ е прогласен за Европски автомобил на годината, победувајќи го големиот фаворит „тесла модел 3“.

Во изборот на жирито составено од 60 новинари од 23 земји, „пежо 208“ освои 281 поен, 39 повеќе од „модел 3“, додека на третото место се пласираше „порше тајкан“ со 222. Во потесната конкуренција беа и „БМВ 1“, „форд пума“, „рено клио“ и „тојота корола“.

„‘Пежо 208‘ се издвои од конкурентите благодарение на својот исклучителен избор на погонски единици, кои вклучуваат и електрична верзија“, соопштија организаторите.

По откажувањето на тамошниот автосаем поради коронавирусот, изборот се одржа зад затворени врати во центарот „Палекспо“ во Женева.

„Пежо“ по шести пат ја освојува оваа титула, а последниот негов победник беше теренецот „3008“ во 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.